Авионот на јужнокорејската компанија „Кореј ер“ со 230 лица е евакуиран утрово на меѓународниот аеродром Инчеон во Сеул, откако во него биле пронајдени куршуми пред полетувањето, соопшти полицијата.
Авионот за Манила полетал со повеќе од три часа задоцнување, бидејќи безбедносните проверки утврдиле дека нема непосредна закана од тероризам, пренесува Ројтерс.
Девет милиметарски куршуми пронашол патник пред да полета авионот.
„Истражуваме како куршумите влегле во авионот“, изјави претставник на полицијата.
Претставник на „Корејски ер“ изјави дека авиокомпанијата ги следи резултатите од полициската истрага.
Јужна Кореја има строги закони за оружје, а поседувањето илегално оружје се казнува со затвор до 15 години и парична казна до 75.300 долари.