Саиф Бен Сулајем, синот на претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем загинал во сообраќајна несреќа во Дубаи во вторникот, потврдија од ФИА, додека од семејството побараа да се почитува нивната приватност.
Саиф ја следеше страста на неговиот татко за моторспортот – тој се натпреваруваше во Формула 4 шампионатот на Обединетите Арапски Емирати во 2016/17, покрај сегашниот возач на Мерцедес, Оскар Пјастри, но не ја продолжи кариерата во интернационалните шампионати. Покрај, тоа, тука беше страста за брзите автомобили – на својот Инстаграм профил има фотографии со Бугати Веејрон, Мекларен и стари рели-автомобили.
Мохамед Бен Сулајем го замени Жан Тод на позицијата претседател на ФИА во 2020 година, откако претходно беше успешен рели-возач. Тој направи серија промени во ФИА и во Формула 1, пред на стартот на оваа сезона да објави дека се повлекува од „тековните“ активности во Формула 1, оставајќи им ги на Николас Томбазис, поранешниот инженер на Ферари.
Извор: Топспорт