ФИА ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 на 35 дена

Од:

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) ја продолжи задолжителната пауза за тимовите во Формула 1 и производителите на мотори од 21 на 35 дена во врска со пандемијата на коронавирус, пренесува официјалната веб-страница на организацијата.

Во соопштението на официјалната веб-страница на ФИА се вели дека одлуката е одобрена од стратешката група Формула 1 и ратификувана од Светскиот совет на ФИА.

Екипите на Формула 1 престанаа да работат на 30 март.

Забележано е дека за понатамошните активности ќе се дискутира со раководството и екипите на Формула 1, земајќи го предвид развојот на состојбата со пандемијата на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Браун: Формула 1 беше во одлична состојба пред шест месеци и за шест месеци сe ќе биде добро

А1он

Ботас преговара со Рено?

Ана Ололовска

Хамилтон ветува дека ќе се врати посилен после паузата

А1он

Батон го предупреди Алонсо да не оди во Рено

А1он

Мерцедес планира да го замени Ботас со Расел во 2021 година

Ана Ололовска

Тод: Фетел има можности да ја продолжи кариерата, дури и надвор од Формула 1

А1он