Марш за женски права: Жените и девојките се соочуваат со колективна негрижа

Од:

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“, „Држава што не постапува е држава што убива“ се дел од пораките кои беа испратени на денешниот Марш за женските права кој се одржа во пресрет на Меѓнародниот ден на жената – 8 Март.

На маршот, кој започна од плоштадот „Филип Втори“ во Скопје, беше побарано заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност.

– Во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот. Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири, истакнаа од Платформата за родова еднаквост.

Оттаму потенцираа дека жените и девојките во Северна Македонија се соочуваат со колективна негрижа.

– Да се биде жена значи да прифаќаш краткотрајна работа, работа на црно и под маса, без ресурси за стабилна кариера, без социјална заштита и регулација. Да се биде девојка во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш ова возење со такси без таксистот да те вознемирува, дали ќе добиеш секакви коментари, закани на социјалните мрежи дали твои фотографии ќе бидат користени како порнографија, дали ќе имаш пристап до гинеколог и беспалатно пап тестирање, дали ќе ја преживееше следната лекарска рутинска интервенција дали ќе го преживееш пораѓањето. Да се биде жена во Македонија значи да се прашуваш дали ќе го преживееш секојдневното насилство од партнерот кое веќе си го пријавил, но институциите кои требало да те заштитат само направиле записник и не потапиле, не те запштитиле, истакна Надица Банишка, една од учесниците на маршот.

Би можело да ве интересира

Марш за женски права во Скопје: „Не сакаме тава, сакаме права“

Ана Ололовска

По 13-ти пат „Вечери на женски права“ на повеќе локации во Скопје

Ана Ололовска

Проекција на три документарни филмови во Кинотека во рамки на „Вечери на женски права“

Ана Ололовска

Дванаесето издание на „Вечерите на женски права“ по повод Меѓународниот ден на жената

Ана Ололовска

Марш за женски права: Родовите стереотипи да се решаваат во семејството, образованието и во институциите

А1он

Мондини де Фокатис стана првата жена директор на осигурителната компанија „Адмирал“

А1он