Сончево со умерена облачност, температурата до 18 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 17 степени.

Во петок и недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Во останатите денови од периодот ќе преовладува стабилно и топло време.

Би можело да ве интересира

Топол бран до средината на следната недела

Температури до 37 степени денеска, во викендот потопло

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме

Нестабилно време – дожд, грмежи и засилен ветер

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер