Се ожени Ахмат Кадиров, 17-годишниот син на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. Неговата сопруга е наводно Тамила Махматова, но не се знае многу за невестата.
По повод венчавката, во главниот град на Чеченија, Грозни беше организирана раскошна прослава, а за свадбената поворка непречено да помине низ градот, улиците беа испразнети од жители. Исто така, никој не смеел да ја снима свадбената веселба.
А сепак, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа колона луксузни автомобили. Требало многу храброст да се снима, бидејќи пред свадбата полицајци ги посетуваа куќите и го предупредуваа населението за забраната.
The Chechen opposition media outlet "1ADAT" published a video of the wedding motorcade of Ramzan Kadyrov's eldest son, 17-year-old Akhmat.
Local residents were not allowed to film the motorcade. Before the wedding, law enforcers went around roadside houses warning of the ban. pic.twitter.com/P1x76Vqw0M
— NEXTA (@nexta_tv) March 6, 2023
Рускиот претседател Владимир Путин лично му честиташе на венчавката на Ахмат Кадиров, едно од 14-те деца на Кадиров.
Како што беше објавено во септември 2022 година, Сергеј Кравцов, рускиот министер за образование, ја поддржа иницијативата за назначување на тогаш 16-годишниот Ахмат Кадиров за шеф на советот за деца и млади „Движење на првиот“. Министерот Кравцов тогаш вети дека ќе го поддржи Кадиров помладиот на секој можен начин.