Властите во Багдад соопштија дека воведуваат режим на смени во патниот сообраќа, со цел да ја ограничат опасноста од напади со автомобил-бомби.
Од денеска движењето со автомобили во Багдад ќе биде по системот пар-непар – во зависност од регистрациската бројка.
Властите сакаат поради безбедносни причини да ја олеснат контролата на автомобилите на пунктовите. Таква мерка беше првпат воведена во септември 2005 година поради серија напади, а забраната траеше шест години.