Возило со опасно ниво на радијација запрено на српската граница, уапсени хрватски државјани

Од:

Во саботата на граничниот премин меѓу Србија и Хрватска, во реонот на градот Сомбор, во патничко возило било откриено опасно ниво на радијација, пренесуваат српските медиуми.

Според медиумите, присуството на радиоактивни материјали било „пријавено“ од сензори поставени на граничниот премин.

Според неофицијални информации, сензорите звучеле како предупредување за високо ниво на радијација и присуство на „сериозна количина“ радиоактивен материјал во патничко возило со странски регистарски таблички кое чекало да ја напушти Србија.

Возачот и двајцата сопатници, сите хрватски државјани, се уапсени на лице место, јавуваат медиумите.

Според првите информации, по пријавувањето на инцидентот пристигнала „дежурната екипа од Винча“ која потврдила присуство на радиоактивни елементи во возилото.

Исто така, според медиумите, во граничната зона е откриено сериозно ниво на радијација.

Би можело да ве интересира

Дачиќ: Откриена е голема измама, жртвите останале без милиони евра

Горан Наумовски

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски