СДСМ: Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо, само поскапуваат услуги и ги партзираат и задолжуваат општините

Од:

„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се симбол за неспособност и неработење. Измина година и половина од нивниот мандат а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект, никакво решение за унапредување на квалитетот на живот“, велат од СДСМ.

„Но затоа граѓаните на десетици општини добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците кои бараат драстично зголемување на цената на водата иако речиси сите комунални претпријатија добиваат електрична енергија по повластена цена.

Големи и финансиски општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.

Но тоа не ги спречува градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година да потрошат десетици милиони евра на времени вработувања на партиски кадри во општините и претпријатијата и установите под нивна надлежност.

Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ