Марин Докузовски добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело

Од:

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација Марин Докузовски е добитник на Осмосептемвриската награда за Животно дело во областа на спортот, беше соопштено на денешната прес-конференција во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Претседателот на Одборот за доделување на наградите Зоран Радиќ соопшти дека Докузовски беше едногласно избран во конкуренција на пет кандидати.

Носители на државната награда за спорт „8 Септември“ се Зоран Михајлов – спортски новинар, Живко Дуковски – боксерски работник, Златко Кецковски – Кендо и Иаидо и Мирко Петревски – билдер.  За четирите државни награди апликации пристигнале од деветмина кандидати.

Ова е втора година по ред како се доделуваат Осмосептемвриските награди за спорт.

Признанијата на добитниците ќе им бидат врачени в недела на 8 Септември на Денот на независноста во Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ