Турскиот опозициски блок повторно се собра против Ердоган

Од:

Опозицискиот блок против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно се обедини, само неколку дена откако една од шесте партии замина поради несогласувањето околу изборот на нивниот заеднички претседателски кандидат.

Мерал Акшенер, лидерот на националистичката и кемалистичка Добра партија (IYI), втора по големина во опозициската коалиција, неочекувано дојде денеска на состанок со другите пет партии во Анкара.

Таа во петокот ја повлече својата партија од опозицискиот сојуз, велејќи дека не може да го поддржи Кемал Киличдароглу како кандидат против Ердоган на изборите во мај. Таа ги спореди со избор помеѓу „смрт и маларија“.

Таа сакаше да го номинира популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу или градоначалникот на Анкара, Мансур Јавас. Според IYI, бил пронајден компромис.

Киличдароглу ќе биде номиниран за претседателски кандидат според планираното, а двајцата градоначалници ќе бидат именувани за потпретседатели доколку опозицијата победи на изборите. Сите тројца се од главната опозициска Републиканска народна партија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски