За шест часа во Скопје МВР казни 129 возачи, 27 од нив возеле без возачка дозвола

Од:

Денеска (04.03.2023) во периодот од 10 до 16 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата од Оддел за униформирана полиција при БЈБ спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 129 возачи.

Од нив 27 за возење без возачка дозвола, 16 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) , 4 за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки,4 за возење под мерка забрана за управување на моторни возила…

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски

Српското МВР го активираше системот „Пронајди ме“: Исчезна 12-годишната Анѓелија Димитријевиќ

Горан Наумовски

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото