НАТО: Повеќе од 200.000 руски војници се убиени или ранети од почетокот на руската инвазија

Од:

Повеќе од 200.000 руски војници и повеќе од 1.800 офицери се убиени или ранети од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

Ова го изјави врховниот командант на НАТО за Европа, Кристофер Каволи, а пренесува германскиот неделник Шпигел.

Каволи, кој зборуваше како почесен гостин на традиционалната вечера во градското собрание на Хамбург, рече дека „размерите на оваа војна се неверојатни“.

Според него, Русија изгубила повеќе од 2.000 тенкови, а руските сили дневно испукуваат во просек над 23.000 артилериски гранати.

Каволи порача дека НАТО мора да се прилагоди на новата реалност по рускиот напад на Украина.

„Ако некој дојде со тенк, подобро да имаш тенк. Сепак, една од лекциите од Студената војна е дека точноста на оружјето е она што е важна. Покрај тоа, важен е производствениот капацитет на одбранбената индустрија“, рече Каволи.

Во исто време, генералот на НАТО ја истакна важноста на цивилното лидерство: „Од овој конфликт научивме дека цивилното лидерство е апсолутно неопходно. Тоа може да ја мобилизира нацијата и да ги инспирира партнерите“, рече Каволи.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк