Основачот на руската платеничка група Вагнер објави видео со ковчези и рече дека во нив има мртви украински војници. Евгениј Пригожин рече дека во Киев ги враќа мртвите војници на бојното поле.
#Ukraine / #Russia 🇺🇦🇷🇺 A #Wagner release shows dozens of dead Ukrainian soldiers near #Bakhmut , #Wagner claims this was the new batch of soldiers who where sent in
" Yevgeny Prigozhin can be spotted in this video " pic.twitter.com/LgTm3vaAYs
— Janissary (@guev20060045) March 4, 2023
„Испраќаме дома уште една „пратка“ со загинати борци на украинската армија. Тие храбро се бореа и загинаа. Затоа најновиот камион ќе ги врати во нивната татковина“, вели Пригожин во видеото, облечен во полна воена опрема.
На видеото, мажи во униформи товарат дрвени ковчези во камион додека во позадина се слушаат експлозии. Пригожин, чии платеници го предводеа рускиот повеќемесечен напад на Бахмут, постојано ја пофалуваше украинската армија како достоен и способен противник.