Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок отпатува за Индија пред состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во средата, но на аеродромот во Њу Делхи се случи неочекувана сцена. Имено, во моментот кога Аналена Бербок се симна од авионот, одборот за дочек беше отсутен.
Außenministerin Baerbock ist zum G20-Treffen in Neu Delhi gelandet. Und wird vom indischen Protokoll und Botschafter Ackermann begrüßt. #dpaReporter pic.twitter.com/EEXhgfuG3O
— Jörg Blank (@JMaxBlank) March 2, 2023
„Министерот за надворешни работи Бербок слета во Њу Делхи на состанокот на Г-20. Ја пречека индискиот протокол и амбасадорот Акерман“, пишува Јорг Бланк, дописник на германската новинска агенција, за видеото што се појави на Твитер, на кое се гледа како Бербок се симнува од авион – без официјален дочек, без црвен тепих и се што според протокол треба да биде вклучено во пречекот.
На видеото се гледа како Бербок излегува од авионот на германското воено воздухопловство, а додека се спушта по скалите, изгледа малку изнервирана.
Меѓутоа, по неколку секунди, Филип Акерман, германскиот амбасадор во Индија, притрчува до Бербокова и срдечно ја поздравува.
„Се чини дека за момент не и е јасно каде треба да оди сега, пишува News.de. Не е ни чудо! Нема одбор за добредојде. Меѓутоа, по неколку секунди, Филип Акерман, германскиот амбасадор во Индија, притрчува до Бербокова и срдечно ја поздравува“, пишува германскиот портал.