Најмалку 462 деца досега се убиени во Украина, соопшти главниот државен обвинител. Канцеларијата на главниот обвинител наведува дека се повредени 930 деца.
Овие бројки доаѓаат откако украинските власти ги објавија најновите податоци за бројот на воени злосторства извршени од почетокот на руската инвазија. Се тврди дека досега се пријавени вкупно 72.620 злосторства на агресија и воени злосторства и 16.855 злосторства против националната безбедност.
Се додава дека 639 осомничени се идентификувани, меѓу кои има руски министри, заменици, воени команданти, водачи на органите на редот и пропагандисти на Кремљ.