Во четирите групи на Европското кошаркарско првенство во Словенија, доцна синоќа се одиграа последните натпревари од вториот круг.
Постигнати резултати и табели по групи:
Група А: Украина – Израел 74:67, Германија – Белгија 73:77, Велика Британија – Франција 65:88. Табела: Украина 2-0, Франција 1-1, Белгија 1-1, Германија 1-1, Велика Британија 1-1, Израел 0-2.
Група Б: Црна Гора – Летонија 72:73, Босна и Херцеговина – Србија 67:77, Литванија – Македонија 75:67.
Табела: Србија 2-0, Летонија 2-0, Литванија 1-1, Црна Гора 1-1, Македонија 0-2, БиХ 0-2.
Група Ц: Хрватска – Грузија 77:76, Полска – Чешка 68:69, Словенија – Шпанија 78:69.
Табела: Словенија 2-0, Шпанија 1-1, Грузија 1-1, Чешка 1-1, Хрватска 1-1, Полска 0-2.
Група Д: Финска – Шведска 81:60, Италија – Турција 90:75, Грција – Русија 80:71.
Табела: Грција 2-0, Финска 2-0, Италија 2-0, Русија 0-2, Турција 0-2, Шведска 0-2.
За денеска се закажни средбите од 3.коло, македонската репрезентација за противник ја има Србија (почеток 21 часот).