Британија го „измисли“ инцидентот во Солсбери за да ја обвини Русија

Од:

Британските власти го „измислија“ хемискиот инцидент во Солсбери за да почнат да го подготвуваат населението на земјата за конфликт со Русија, соопшти руската амбасада во Лондон.

„Во 2018 година, оваа провокација можеби изгледаше како еднократен инцидент што беше искористен за задушување на конструктивните елементи што ги поддржуваа односите меѓу Русија и Велика Британија во тоа време“, соопшти амбасадата.

„Сега сфаќаме дека од почетокот Лондон никогаш немал никаков интерес да ја утврди вистината. Хемискиот инцидент во Солсбери е намерно измислен со цел да се започне со подготовка на населението и сојузниците на Велика Британија за пресметка со Русија“, се вели во соопштението.

Како што се наведува, таа подготовка сега доби воено-политички карактеристики во Украина, пренесе руската агенција.

Во центарот на британскиот град Солсбери во март 2018 година, поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени со нервен агенс, за што Британија ја обвини Москва.

Би можело да ве интересира

Солсбери ќе биде прогласен за деконтаминиран од Новичок

Агент на ГРУ вмешан во случајот „Скрипал“, три пати бил во Бугарија

ЕУ воведе санкции кон шефовите на ГРУ поради Скрипал

Ана Ололовска

Кремљ: Лондон нема цврсти докази за обвинувањата во случајот Скрипал

Наум Локоски

Лондон идентификува и трет руски агент осомничен за труењето на Скрипал

Наум Локоски

Путин: Ги идентификувавме лицата што ги сомничи Лондон, се работи за цивили

Наум Локоски