Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на островите Кермадец во јужниот дел на Пацификот.
Информациите за земјотресот ги објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Ненаселените острови Кермадец припаѓаат на Нов Зеланд.
Земјотресот бил на длабочина од 183 километри.
Американскиот систем за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот немало предупредувања за цунами.