Зеленски: Правдата ќе биде задоволена кога руското раководство ќе биде повикано на одговорност за војната

Од:

Правдата ќе биде задоволена кога руското државно и воено раководство ќе одговара за војната што започна против Украина, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски на меѓународната конференција одржана во Лавов.

„И кога ќе бидат повикани на одговорност, правдата ќе биде задоволена“, рече Зеленски во своето видео обраќање.

Зеленски ја нагласи „одговорноста на Русија и личната одговорност на нејзиното раководство за агресија и теророт“.

Украина со месеци се обидува да формира меѓународен суд каде лидерите од Москва ќе одговараат за воени злосторства. На конференцијата во Лавов, посветена на прашањето на меѓународниот суд за руски воени злосторства во Украина, присуствуваа високи претставници на Европа и САД.

„Покренуваме максимална поддршка за судот за руската агресија врз Украина. Правиме се за да обезбедиме Меѓународниот кривичен суд да биде успешен во казнувањето на руските воени злосторници, а нашите национални органи за спроведување на законот и судските власти да обезбедат сите руски убијци и мачители праведно да се казнат“, рече Зеленски.

Украина објави дека американскиот секретар за правда Мерик Гарланд и холандскиот вицепремиер Вопке Хоекстра, меѓу другите, учествувале на конференцијата. Еден од учесниците беше и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк