„Ова е еден од најтешките денови во мојата кариера“, рече актуелниот олимписки победник од Пекинг, Рафаел Надал.
„Не сум во состојба да се натпреварувам, па заради тоа нема ни да патувам во Лондон“, рече Надал, не наведувајќи за каква повреда се работи.
Заради проблемите со левото колено тој го откажа хуманитарниот меч со Новак Ѓоковиќ во Мадрид. Последен натпреварувачки двобој му беше шокантниот пораз на Вимблдон од Чехот Росол.
„Не можам да бидам себичен. Интересот на шпанскиот спорт е на прво место, посебно интересот на тенисерите кои се поспремни за настап од мене. Пробав да го забрзам опоравувањето и да тренирам до последен момент, но не ми било судено“, рече Надал.