Истрага против осомничен дилер на марихуана од Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, против 25-годишник од Скопје, кај кого биле пронајдени 156,77 грама наркотична дрога – марихуана и две рачно изработени цигари со мешавина од марихуана и тутун.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, при претресот била пронајдена и одземена и дигитална вага со траги од марихуана и кокаин.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да го повтори делото или да влијае врз сведоци.​​

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он