И со дојава на бомба, МВР да провери, наставата да продолжи – нови протоколи

Од:

Се менуваат протоколи за тоа како да се одвива проверката кога ќе има дојава за бомба – тимовите на МВР да бидат сигурни дека е лажна, а наставата да продолжи. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски, кој за попладнево најави нов состанок со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование.

-Не сме ја загубиле сајбер-војната и нема да ја загубиме. Ова се случува во голем број на држави членки на НАТО. Веќе МВР менува одредени протоколи кои проверуваат. Имаме денеска состанок со раководството на МВР и Министерството за образование, за носење на дополнителни мерки, со цел да овозможиме редовна и непречена настава – кажа Ковачевски.

Тој додаде дека е родител, што значело дека ги разбира и останатите родители.

-Обврска на МВР е да ја обезбеди безбедноста на граѓаните. Согласно протоколите за борба против тероризам, тие мора да спроведуваат процедури кои се пропишани согласно закон, како во сите држави. Заради спречување на напуштање на училиштата, секојдневно се работи за да се најде начин каде ќе се обезбеди сигурност дека дојавите за бомби е лажна, а да продолжи наставата – кажа Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски