Немили сцени на футсал натпреварот во Брчко на кој гостуваа играчите од Бијелина, во рамки на Купот на Република Српска. Натпреварот одигран во Брчко меѓу домашната екипа и КМФ Радник од Бијелина не помина најдобро, бидејќи по натпреварот беше каменувано комбето во кое патуваа гостите. Хулиганите кои ја бодреа домашната екипа ги чекаа гостите да си одат дома, а потоа ги нападнаа со камења, но според првите информации по овој инцидент нема повредени.
Снимката од инцидентот во Брчко, на социјалните мрежи ја покажа клубот од Бијелина. На видеото направено од внатрешноста на возилото се гледа хулиганското однесување на локалните навивачи, како и моментите во кои тие се обидуваат со камења да ги скршат стаклата на возилото.
„За жал, немилите сцени не враќаат во минатото. Сите кои ја знаат ситуацијата во КМФ Радник МД ШОП знаат дека во нашиот клуб се добредојдени сите луѓе од различни националности. По турнирот во Сараево, каде беа нападнати Србите, и по настаните во Брчко, што е следно „Дали некој треба да се повреди за сите да се запрашаме каде живееме? Ги повикувам ФС РС, Н/ФС БиХ, медиумите, казнените институции да ги осудат ваквите напади и да ги идентификуваат сторителите“, напишаа од српскиот клуб.
„Жално е што направи група млади момчиња на возраст од 17 до 20 години. Се поставува прашањето зошто тие навивачи не беа отстранети од натпреварот и на играчите им беше обезбедено безбедно заминување од местото на натпреварот“, велат во Бијелина, а извори од Република Српска за медиумите јавија дека немилите сцени започнале за време на натпреварот, кога во салата се појавиле навивачи кои провоцирале и истакнувале знамиња со лилјани.