Приведен крадец во Битола, расчистени седум кривични дела

Од:

По преземени мерки и активности, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид, извести МВР.

– Имено, по преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022, со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари. Тој делата ги извршил додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата, соопшти МВР.

Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски