Претседателите на Бразил и САД Дилма Русеф и Барак Обама разговараа вчера за наводите дека Америка ги шпионирала личните комуникации на бразилскиот претседател.
Двајцата лидери се сретнаа на самитот на земјите членки на Г-20 во Русија.
Според анонимен службеник во Белата куќа, за време на средбата Обама и Русеф разговарале за наводното следење од страна на американската Агенција за национална безбедност, но не откри повеќе детали.
Бразил даде рок на САД, кој истекува денеска, да дадат писмено објаснување што правела НСА и зошто ги следела комункациите на Русеф, како што беше објавено од една бразилска телевизија врз основа на документи од Едвард Сноуден.