​​Градоначалникот Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести во Аеродром

Од:

Денеска со низа различни активности низ училиштата во Аеродром беше одбележан Светскиот ден на лицата ретки болести. Со свој придонес во неговото одбележување се вклучија градоначалникот Тимчо Муцунски и кошаркарите од МЗТ Скопје кои заедно со дечињата од училиштата „Димитар Македонски“ и „Гоце Делчев“ со обоените дланки испратија јасна порака дека даваат поддршка за лицата кои живеат со ретките болести во Македонија, известува Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски заедно со дечињата ја обои својата рака со зелена боја, при што потенцираше дека целта на денешниот ден е го подобри знаењето кај јавноста за ретките болести, истовремено охрабрувајќи ги истражувачите и носителите на одлуки да одговорат на потребите на оние кои живеат со ретки болести.

„Секој живот е подеднакво важен, а сите заедно можеме да направиме значајни промени во општеството. Токму поради ова, јас и општината Аеродром во следниот период остануваме отворени и подготвени за поддршка на лицата кои живеат со ретки болести и организациите кои делуваат во оваа област“, истакна Муцунски по завршувањето на настанот.

Би можело да ве интересира

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

Кривична пријава од општина Аеродром за Комунална хигиена

Започна првиот AERO Street Food Festival

А1он

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

Фестивал на улична храна во Аеродром

А1он