Кривична пријава против двајца скопјани осомничени за измама со продажба на стан

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 33-годишниот Ф.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 и против 31-годишниот Ф.Ј. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по член 247 во врска со член 24 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Пријавените, во текот на ноември 2022 година креирале оглас на еден од порталите регистрирани за огласување дека наводно продаваат стан и презеле фотографии од друг огласен стан за продажба. На тој начин тие го довеле во заблуда оштетеното лице од Кавадарци дека огласениот стан за продажба е сопственост на правното лице на кое што застапник бил второпријавениот. Тие, исто така, на оштетениот, преку апликацијата вибер му покажале слики од станот и го навеле да им уплати 5.000 евра капар за купопродажба на станот на сметка на правното лице на второпријавениот, соопшти МВР.

После тоа, тие и по натаму го држеле во заблуда оштетениот со најразлични изговори околу купопродажбата на станот, а откако увидел дека од купопродажбата на огласениот стан нема ништо, односно дека е измамен, тој го пријавил случајот во полиција.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски