Расчистени две кривични дела, сторителите пронајдени и приведени

Од:

Вчера попладне во 16.00 часот на улицата „Радушка“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 39-годишниот Д.Р. од Скопје, извести МВР.

– Тој се сомничи дека на подрачјето на Центар одзел патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(65) од Скопје, по што во 14.35 часот на ул.„Војвода Васил Чакаларов“ го напуштил местото на сообраќајна незгода во која учествувал со возило „фолксваген голф“. Тој бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Службен разговор во полициска станица бил извршен и со К.Ѓ., затоа што по преземени мерки било утврдено дека на возилото „фиат мултипла“ биле поставени регистарски таблички од друго возило. Во разговорот К.Ѓ. признал дека возилото го управувал со таблички од друго возило, затоа што неговите му биле одземени од полициски службеници од ОВР Гостивар, бидејќи возилото го управувал нерегистрирано, соопшти МВР.

За настаните бил запознаен јавен обвинител и по нивно целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 242 и член 378 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он