СДСМ: Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и милионскиот имот

Од:

„Повеќе медиуми во изминатите денови пренесоа информации дека блиското семејство на Христијан Мицкоски има куќа во Козле, според нивни проценки, вредна околу 1 милион евра“, соопшти СДСМ.

„Претходно друг медиум, близок до ВМРО-ДПМНЕ, исто така објави информации дека членови од неговото семејство имаат недвижен имот во Скопје, Охрид и Црна Гора.

Христијан Мицкоски треба да одговори пред јавноста за семејната куќа и информациите за милионскиот имот кои ги објавуваат медиумите.

Дали станува збор за скриен имот и трупање на семејно богатство?

Логично се поставува прашањето како со просечни професорки плати се стигнува до милионски имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора?“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ