Исчезнат Аргентинец пронајден во стомакот на ајкула: Семејството го препозна по тетоважата

Од:

Остатоците од мажот кој исчезна на почетокот на месецов во Аргентина се пронајдени во утробата на ајкула, пишува Sky News. Диего Бариа, 32-годишен татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози својот теренец во близина на брегот на јужната аргентинска провинција Чубут.

Во неделата рано наутро, двајца рибари пријавиле на локалната крајбрежна стража дека фатиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Бариа. Даниела Милатруз, офицер задолжен за потрагата по него, за локалните медиуми изјави дека рибарите рекле дека „кога ги чистеле ајкулите, во една од нив пронашле човечки останки“.

„Семејството Барие го препозна благодарение на тетоважата што беше видлива на еден од остатоците од телото“, додаде таа. Ќе следи ДНК анализа за да се потврди идентитетот на мажот.

Оштетеното возило на Барие беше пронајдено на плажа во близина на Рокас Колорадас два дена откако исчезна. Полицијата се уште не знае што точно се случило.

„Претпоставуваме дека Диего доживеал сообраќајна несреќа и завршил во морето, а бидејќи тој викенд имало плима, телото најверојатно го одвлекле ајкули“, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ