Глеб Павловски, поранешен близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, почина на 71-годишна возраст во московската болница Боткин како последица на мозочен удар што го доживеа пред десет дена. Во извештајот на лондонскиот дневен весник „Мирор“ се потсетува дека во 2011 година била прекината соработката на Кремљ со Павловски бидејќи овој истакнат руски политиколог отворено предупредил дека Путин е „гладен за власт“ изразувајќи сомнеж за менталното здравје на рускиот претседател.
Така, Павловски од почитуван соработник на Кремљ стана жесток критичар на политиката на Путин, кој отворено изјави дека рускиот лидер е „луд“ поради одлуката да ја нападне Украина и предупреди дека започнувањето на специјална воена операција е „ страшна грешка“ која би му нанела „голем удар“ на рускиот претседател.
За инвазијата на Украина, Павловски рече: „Путинот што го познавав претходно немаше да го стори тоа бидејќи беше многу здрава личност“. Но, тој Путин го нема и овој нов Путин сега е опседнат со Украина. Тој сега реагира на сликите во неговата глава“.