Вчера се казнети 344 возачи во Скопје, дури 155 за брзо возење

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 155 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Во Скопје санкционирани 150 возачи

МВР вчера во Скопје казни 238 возачи

Вчера во Скопје полицијата казни 210 возачи

Скопската полиција вчера казни 247 возачи

Вчера во Скопје казнети 93 возачи

119 санкционирани возачи во Скопје