Уапсени се 14 возачи во Македонија – 8 од нив за возење без возачка дозвола

Од:

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР.

Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока.

Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола.

По еден возач во Тетово и Куманово управувале возило со брзина многу поголема од дозволеното. По еден возач во Тетово и Струмица возеле под дејство на алкохол, додека еден возач во Ресен возел со активна забрана и еден возач во Велес возел во спротивна насока. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсени се шестмина битолчани кои „ловеле“ педофили

Уапсени се 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – се стекнаа со над 7,5 милиони евра

А1он

Четири лица се уапсени, седум случаи на семејно насилство за 24 часа

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка

Горан Наумовски

Шест лица се уапсени во Куманово, организираа борба на кучиња

Разбиена е шема за посредување во проституција, уапсени се две лица