56-годишен кичевчанец е приведен откако на полувремето на ракометен натпрвар во кадетска конкуренција кој се играл во салата „Христо Узунов“ влегол на теренот и го нападнал делегатот на средбата. Натпреварот е прекинат, а делегатот и судиите со полициска придружба биле изнесени од салата и од градот.
– На 25.02.2023 година пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид. Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава се наведува во соопштенето од МВР.