Украинскиот претседател Володимир Зеленски на телевизиските новинари им го покажа привременото сместување во кое вели дека живее од почетокот на војната, пишува ДПА.
„Јас живеам овде“, рече Зеленски во филмот на новинарот Дмитри Комаров, кој во петокот беше емитуван на украинската телевизија 1+1. Зеленски рече дека бил таму и кога започнала руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Клип од филмот на Твитер објави и Антон Герашченко, советник за внатрешно-политички прашања на украинскиот претседател.
"This is where I've been living for a year" – @ZelenskyyUa showed Ukrainian journalist Dmytro Komarov his wartime living conditions and his wardrobe. pic.twitter.com/0McF8EEHUf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 25, 2023
Прозорците на импровизираното сместување се покриени со дебели завеси. На креветот има перници и ќебе со цвеќиња за едно лице, а можете да ги видите и телевизорот, столот и работната маса.
Во филмот, Зеленски на камерманите им го покажува и својот ’walk-in’ плакар, каде што висат маслинесто зелени и маскирни јакни, а на подот има војнички чизми.
Ова е мојата „обична облека“, рече Зеленски. „Во моментов не носам одела“, додаде тој.
Меѓутоа, Зеленски потоа вади одело од левиот агол на плакарот. „Тоа е симбол дека војната наскоро ќе заврши, ќе победиме“, рече Зеленски низ насмевка.