Детали за трагедијата во Илинден: Струен удар го опожарил вагонот-цистерна – починатото девојче било на вагонот

Од:

Несреќата во Илинден која се случи доцна вечерва, а во која животот го загуби малолетно девојче настанала од струен удар.

Првичните информации кои стасале до МВР во 21 часот се дека малолетници опожариле цистерна и според нивните изјави на местото има и починато женско лице. Случајот до МВР првично пристигнал од скопјанец кои ги згрижил децата кај него дома.

„ Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден  кај железничката  станица,  од страна на малолетни лица   опожарена  е цистерна.  Двете малолетни деца   се кај него дома   и по обавениот разговор  со децата  посочено е дека на  цистерната  најверојатно има  малолетно женско лице  и истото е починато. На лице место се упатени полициски службеници за расчистување на случајот.,, беа првиќните информации со кои располагаше МВР.

Случајот бил пријавен како опожарен вагон – цистерна и од страна на дежурните во железница откако го забележале пожарот, и за тоа ја известиле и противпожарната бригада.

По пристигнувањето на противпожарната бригада, првичен впечаток, за кој истрагата ќе потврди дали е така, е дека пожарот најверојатно настанал од струен удар од каблите кои се наоѓаат над вагоните.

Починатата девојка била горе на вагонот и настрадала од струјниот удар и со брза реакција на пожарникарите било спречено пожарот да се прошири на вагон-цистерните кои биле полни со гориво.

„ Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна. Моите колеги спречиле огнот да го зафати вагонот, односно цистерната која била полна со гориво, изјави Sвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје.

И Центарот за управување со кризи излезе со официјално соопштение за инцидентот

„ Од страна на дежурниот во Македонски железници добиен е телефонски повик и пријава дека на железничка станица Илинден има пожар на една цистерна и за тоа биле информирани и БППЗ на Град Скопје. За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот. Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС). По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на пожарот има починато едно лице. Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации“, соопшти ЦУК.

Сепак ќе се чека да заврши увидот за да се утврдат точните околности како дошло до инцидентот и кои се причини и за настанувањето на пожарот и за смртта на девојчето.

Би можело да ве интересира

Железница ја отфрла одговорноста за 14-годишното девојче-младите треба да знаат дека 25.000 волти може да ги однесат во смрт

A1on

Нема пожар во складиштeто на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден

Горан Наумовски

14 години имало девојчето што загина во Илинден, се качило на вагонот и допрело до жиците за струја под висок напон

Катерина Ѓуровски

Девојче загинало во несреќата во Илинден – потврдија од противпожарната бригада

Анита Петровска Рајковиќ

Трагедија во Илинден – изгоре девојче на опожарена вагон цистерна

Анита Петровска Рајковиќ