ЦУК: Починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар

Од:

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека во 21.05 часот од страна на дежурниот во Македонски железници добиле телефонски повик и пријава дека на железничка станица „Илинден“ има пожар на една цистерна и за истиот биле информирани и БППЗ на Град Скопје.

Од страна на РЦУК Скопје била контактирана БППЗ од кои беше потврден настанот и дека две нивни екипи се на терен.

За истиот настан беа информирани и дежурните во Полициските станици Автокоманда и Петровец, од каде што беше потврден настанот.

Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК беа известени дежурните оперативни центри на МВР и Дирекцијата за заштиа и спасување (ДЗС).

По интервенцијата на БППЗ на Град Скопје пожарот е изгаснат и како последица на истиот има починато едно лице.

На местото на настанот се присутни претставници на Итна медицинска помош, Полицијата и Јавното обвинителство кои постапувале согласно нивните процедури.

Инаку, според информации од граѓани, кои биле во близина на настанот, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар, од електричните жици над вагоните, но се чека официјална потврда на тие информации.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот

А1он

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Активни се шест пожари на територијата на Македонија

Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Активни се пет пожари на отворен простор, шест се ставени под контрола

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро