Кошаркарите на Србија рутински славеа на вториот натпревар во групата Б против Босна и Херцеговина со 77:67.
Најзасслужен за победата беше Стефан Марковиќ со 15 поени и 7 скока, потпомогнат од Растко Катиќ со 12 и Немања Недовиќ со 11 поени и 6 асистенции. Најпрецизен Босанец беше Нихад Џедовиќ со 17 поени 7 скока и 5 асистенции.
По стартната победа против Литванија ова е нивна втора победа и така се најдоа на врвот на табелата, заедно со Летонија која претходно славеше против Црна Гора со еден поен разлика.