Трагедија во Илинден – изгоре девојче на опожарена вагон цистерна

Од:

Трагична несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје.

Според информациите малолетно девојче починало откако била опожарена вагон- цистерна кај железничката станица.

Од МВР за А1он го потврдија случајот, но немаат потврда за починато лице бидејќи увидот на терен се уште трае. Сепак информација дека малолетно женско лице е најверојатно починато и полицијата добила од двете малолетни деца кои самите го пријавиле настанот во полиција и кажале дека имало и девојче кое најверојатно настрадало.

„ Во 21.05ч. во ПО-Петровец С. К. пријавил дека во населба Илинден  кај железничката  станица,  од страна на малолетни лица   опожарена  е цистерна.  Двете малолетни деца   се кај него дома   и по обавениот разговор  со децата  посочено е дека на  цистерната  најверојатно има  малолетно женско лице  и истото е починато.

На лице место се упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Ова е првична информација според тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна.„ велат од МВР за А1он.

Би можело да ве интересира

Железница ја отфрла одговорноста за 14-годишното девојче-младите треба да знаат дека 25.000 волти може да ги однесат во смрт

A1on

Нема пожар во складиштeто на „Макпетрол“ во скопската населба Илинден

Горан Наумовски

14 години имало девојчето што загина во Илинден, се качило на вагонот и допрело до жиците за струја под висок напон

Катерина Ѓуровски

Детали за трагедијата во Илинден: Струен удар го опожарил вагонот-цистерна – починатото девојче било на вагонот

Анита Петровска Рајковиќ

Девојче загинало во несреќата во Илинден – потврдија од противпожарната бригада

Анита Петровска Рајковиќ