Рашковски: Мобилара “Русковска и Трајчева”

Од:

“Многу тешко е да најдеш црна мачка во темна просторија, а уште потешко е да ја најдеш ако ја нема”. Кога нема да ја најдеш, се однесуваш како “Слон во стаклара”. Со секоја идна постапка, барајќи ја мачката, која ја нема, кршиш се околу себе – кршиш процедури и права. Класично ја злоупотребуваш својата позиција, земаш налог од судии за претрес и без никаков ред собираш се’ што од информатичка технологија некој дома има. Анализираш 6 месеци – не наоѓаш ништо. По закон треба да го вратиш кога ќе заврши истрагата. Не ја враќаш, небаре е твоја. Како на малото дете кога ќе пробаш да му земеш нешто па плаче и вели “Мое е, мое е, мое е” се вели во новто писмо до јавноста од поранешниот генерален секретар на Владата и обвинет во случајот „софтвери“ Драги Рашковски.

Во продолжение целосното обраќање на Раскошвски:

Најголем “мерак” имаш на мобилни телефони. Без никаков ред, на голем број луѓе им ги земаш мобилните телефони. Ги даваш на лице кое има поминато курс од 3 дена (буквално 3 дена – тоа ќе го видиме на 2ри март) и бараш, бараш бараш… читаш приватни пораки, гледаш слики, видеа пробуваш да најдеш нешто… Нема ништо криминално. Им одземаат пасоши. Што да признаат кога нема ништо. Што може да признаат – нема црна мачка во темната просторија во која владее твоето неправо. И НЕ ИМ ГИ ВРАЌАШ МОБИЛНИТЕ. НЕ.

Не ги предлагаш како доказ во постапката, затоа што нема ништо што може да ти е доказ. Повторно ја нема црната мачка. Ама, не им ги враќаш телефоните на луѓето. Нека седат во грч, нека мислат демек нешто работиш и анализираш и измислувај содржини од наводни пораки.

Ова со право води до саркастичниот наслов. Зошто не им ги вратите телефоните на луѓето кога не ги користите како доказ. Зошто и мојот телефон не го вратите кога самите велите дека не е доказ. Ова има само еден логичен заклучок. СОБИРАТЕ МОБИЛНИ – ЌЕ ОТВАРАТЕ МОБИЛАРА.

Вкупно во истрагата која ја водевте против мене одземавте 45 дигитални уреди од голем број на луѓе кои некои не се ни предложени сведоци. Магнет да ставите да привлекува уреди нема да може толку да привлече. Како доказ во суд предложивте само 5 од 45-те. За тоа што сте правеле со овие 5 уреди повеќе на рочиштето на 2 март, а најмногу на рочиштето на 14 март кога ќе давам исказ на мое барање. Останатите 40… не ги враќате…. и во одговорот кој го праќате на барањата да се вратат се чувствува уште “мои се, мои се, мои се”. До толку се персонализиравте со функциите?

Зошто не им ги враќате стварите на луѓето? Се плашите дека ако им ги вратите ќе излезе во јавност со факти дека пораките за судиите и обвинителите “Глупави се, ништо не разбираат” воопшто не постојат како такви и дека ќе се открие причината дека сето тоа било само поради создавање на омраза кон мене? ПА НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ СО ТОА ВО ЈАВНОСТА.

За ова е поднесена претставка за работењето на Трајчева. Сега се на потег Советот на јавни обвинители, републичкиот обвинител Јовески и ЈО на ОЈО ГОКК Абази.

И на “неправник” му е јасен член 119 од Законот за кривична постапка

Член 119
Враќање на предмети
(1) Ако се во прашање предмети кои несомнено му припаѓаат на оштетениот, а не служат како доказ во кривичната постапка, предметите ќе му се предадат на оштетениот и пред завршувањето на постапката.
(2) Ако повеќе оштетени се спорат за сопственоста на предметите, ќе се упатат на спор, а судот во кривичната постапка ќе определи само чување на предметите како привремена мерка за обезбедување.
(3) Предметите што служат како доказ ќе се одземат привремено и по завршувањето на постапката ќе му се вратат на сопственикот. Ако ваков предмет неопходно му е потребен на сопственикот, тој може да му се врати и пред завршувањето на постапката, со обврска по барање да го донесе.

Вратете им ги телефоните на луѓето…. И така ги чувате во шкафче. Тие веќе немаат никаква доказна вредност. Последно Белкие Решити кажа дека клучот од шкафчето го оставил кај Вилма…

Технологијата губи од вредност секој ден. Тоа што луѓето 2 години не ги користеле, а вие бесправно сте им ги држеле 2 години е сторена штета која поради Вас се случува, а граѓаните не се должни да ја плаќаат.

“Никој не купува од мобилара користени телефони стари 2 и повеќе години.”

Би можело да ве интересира

Укинат куќниот притвор за Драги Рашковски

Катерина Ѓуровски

Осуден во „Софтвери“ ја запроси девојката во судница: „Прекрасен момент, нека ви е со среќа“, им честиташе судијката

A1on

Во Кривичен денеска ќе биде објавена пресудата за случајот „Софтвери“

Одбраната на Рашковски побара ослободителна пресуда за случајот „Софтвери“

Завршни зборови за „Софтвери“ во Кривичен

Рашковски: Софтверот е целосно реализирани во првите 80 дена