Челниците на НБА тимот Сакраменто Кингс решија да го повлечат дресот со број 16 во чест на својот поранешен играч, Предраг Стојаковиќ.
Медиумите до оваа информација стигнаа откако играчот на оваа НБА екипа Бен Мекламор на друштвените мрежи се пожалил дека нема да може во следната сезона да го носи дресот со број 16.
„Фанови на Сакраменто, ќе се борам за вас во дресот со број 17. Постои добра причина зошто нема да ја носам 16-та” – напиша Мекламор.
Српскиот кошаркар за Сакрамнето играше во периодот од 1998 до 2006-та година и имаше просек од 18,4 поени и 5,1 скока по натпревар.