Претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ е предложен за претседателски кандидат на партијата на претстојните претседателски избори.
Ова го објавија од таа партија на Твитер.
Ова е одлуката од денешната седница на Претседателството на ДПС, а во тек е и седницата на Главниот одбор на таа партија, пишува Вијести.
Претседателските избори се закажани за 19 март, а до 26 февруари кандидатурите се доставуваат до Државната изборна комисија.
Таа институција досега ги потврди кандидатурите на еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрије Мандиќ и на пратеничката на Социјалдемократската партија, Драгиња Вуксановиќ Станковиќ.