(ВИДЕО) Николова: Бројни судски пресуди потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија

Од:

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова од собраниската говорница порача дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, а пратениците од опозицијата со денови напразно говорат, не за да помогнат, туку како да ги избегнат казните за криминалот и корупцијата, што ги правеа и се уште ги прават.

-Има над 400 обвиненија за функционери од ВРМО-ДПМНЕ, а некои од нив седат и во оваа сала. Над 150 пресуди за нив, повеќе од 40 признанија дека учествувале во криминални дела, изречени 150 години затвор. Да ве потсетам на пресудата за Талир, да ве потсетам дека и сега правите криминал, ваши блиски луѓе се познати по „делчевските ниви“, истакна Николова.

Пратеничката на СДСМ Даниела Николова потсети дека ВМРО-ДПМНЕ има тројца азиланти, избегани поради криминал, од коишто едниот е лидерот на партијата, Никола Груевски од кој никогаш не се оградија.

Кога зборувате за правда сетете се кој брачен пар владееше со судството, сетете се на „Сваровски судството“, на тефтерчето на Горде, сетете се на намерно застарување на предметите, кое што го правеше Воислав Димовски, рече пратеничката на СДСМ Даниела Николова од собраниската говорница.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски