Расчистена тешка кражба во Битола, приведени тројца осомничени

Од:

Полициски службеници од криминалистичката полиција при битолскиот СВР, по преземени мерки и активности, вчера ги лишиле од слобода битолчаните Ф.С.(40), А.В.(34) и А.Р.(37), кои се сомничат дека извршиле тешка кражба во куќа на улица „Страшо Пинџур“ во Битола, при што одзеле повеќе предмети.

Како што информираат денеска од МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР