Шилегов: Да се преполоват казните

Од:

Опозициската СДСМ во реакција на денеска објавените нови законски измени во Владата побара преполовување на казните од кои на годишно ниво, како што тврди партијата, се наплаќаат по две милијарди денари.

Според портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, Владата се пофалила со забрзување на постапките за изрекување глоба, наместо да се откажа од огромните казни.

– За 7 години Владата на име глоба извлече од граѓаните осум милијарди денари. Законските измените што беа објавени се само козметичкото шминкање на политиките на власта, рече на прес-конференција Шилегов.

Тоа што Владата објавува дека за социјалните случаи паричната казна ќе биде заменета со општокорисна работа, наведе портпаролот на СДСМ, е само замајување на јавноста, бидејќи казните и досега не можеа да бидат присилно наплатени кај оваа категорија граѓани.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда