Селекцијата на Летонија го направи и второто изненадување на Европското првенство во кошарка, откако попладнево во Јесенице ја совладаа Црна Гора со 1 поен разлика, 73:72, речиси на ист начин како што вчера Црногорците славеа против нас.
Јаниченокс на 5 секунди пред крајот погоди за еден поен предност на Летонците, потоа Рајс го предводеше нападот во последната секунда, но не успеа да погоди.
Јаниченокс го заврши натпреварот со 15 поени, додека Фреиманис запиша 12. Кај Црногорците Рајс беше најпрецизен со 24 поеени и 5 асистенции.
Летонците сега имаат 2 победи и се на првото место на табелата, следува натпреварот Босна и Херцеговина – Србија од 17:45, а вечерва во 21:00 игра нашата селекција против Литванија.