Поради новиот закон за даночна политика кој стапи на сила во Норвешка во ноември 2022 година, неколку десетици богати Норвежани се преселија во Швајцарија.
Швајцарија одамна е позната по умерената даночна политика кон странците, а според „Фајненшл тајмс“ од минатата есен во таа земја се преселиле 36 Норвежани, пишува француски Монд.
Еден од нив е норвешкиот „крал на недвижности“ Торд Уендад Колстад, чие богатство се проценува на 182 милиони евра. Тој купил куќа на брегот на езерото во Луцерн и рекол дека се преселил поради помалите даноци.
Според Норвешката амбасада во Швајцарија, во Швајцарија живеат околу 5.000 Норвежани, од кои повеќе од 430 се членови на Норвешкиот клуб Швајцарија, кој предлага културни настани, традиционални фестивали и месечни состаноци во осум градови.
Во земјата има и две норвешки онлајн продавници за намирници, како и норвешки салони за убавина.
Властите во Луцерн се воодушевени од новите доселеници, пред се поради зголемените приходи што ги добиваат од нив, бидејќи како што велат, овие пари можат да се искористат за реновирање на училишта, изградба на театар, културна и туристичка инфраструктура.