Ристовски: Малата Александра може да го продолжи школувањето во второ одделение

Од:

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска изјави дека малата Александра Бошњаковска, по која до синоќа се трагаше, ќе може да го продолжи своето школување во второ одделение.

– Стапивме во контакт со училиштето каде што учело девојчето и тоа ќе го продолжи својот образовен процес во второ одделение. Сето она што девојчето го има пропуштено во првото одделение ќе биде надоместено преку посебна работа со наставник за девојчето да може целосно да се вклопи, изјави Ристовски.

Полицијата во такси-возило доцна синоќа кај Маврови Анови ја пронајде малата Александра со својата баба Снежана. Претходно полицијата имала сознанија дека девојчето се наоѓа во Македонски Брод.

Поднесена е кривична пријава против С.Б.(41), А.Б.(66), С.Б.(64) и М.Б.(38), сите од Скопје, за сторени две кривични дела „одземање на малолетник“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“.
Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б., била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови, го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование