Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди околината на Пландиште.
Земјотресот е регистриран кај Велика Греда.
Според проценката на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а е регистриран точно во 14 часот и 37 минути.
Претходно, околу 13 часот, уште еден послаб земјотрес беше регистриран на подрачјето на Мајданпек.